Премиерот Никола Груевски, најави инвестиција во вредност од 200 милиони евра, преку продажба на комплексот "Џумајлија". Оваа компанија се декларира дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи, што е многу важно, најмалку де илјади лица. Инвеститорот најавил и изградба на голема фабрика за производство на сточна храна и млекарница, како и одгледување на 20.000 грла добиток. Оваа инвестиција ќе донесе нови 2.000 вработувања во наредните три години, смета премиерот и таа ќе биде од големо значење за граѓаните во регионот на овчеполието, но и на самата држава. Компанијата ќе произведува млеко и млечни производи, а дел од производството ќе се извезува и надвор од Македонија.
Премиерот Никола Груевски, најави инвестиција во вредност од 200 милиони евра, преку продажба на комплексот "Џумајлијa".
„Оваа компанија се декларира дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи, што е многу важно, најмалку де илјади лица", изјави Груевски по поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона Алинци кај Прилеп.
Инвеститорот најавил и изградба на голема фабрика за производство на сточна храна и млекарница, како и одгледување на 20.000 грла добиток.
Оваа инвестиција ќе донесе нови 2.000 вработувања во наредните три години, смета премиерот и таа ќе биде од големо значење за граѓаните во регионот на овчеполието, но и на самата држава.
Компанијата ќе произведува млеко и млечни производи, а дел од производството ќе се извезува и надвор од Македонија.
„Се работи за крупна инвестиција чие име не би сакал да го спомнам бидејќи се надевам дека тие ќе си го соопштат тоа, затоа што знам дека инвеститорите најчесто сакаат самите да се промовираат. Но ќе кажам дека се работи за компанија чие име во Македонија е веќе слушнато", рече Груевски.
Компанијата инвеститор е фирма-ќерка на една мултинационална компанија од една поголема земја.